Големо лизгање на земјиште за една минута ги однесе викендичките во море: Мештаните во шок

1002

Неколку куќи во округот Алта на северот на Норвешка буквално завршија во море откако во средата дојде до голем одрон на земјиштето.

Лизгањето на земјиштето се случи на подрачје широко 650 метри и длабоко околу 150 метри, со што беа уништени осум згради, меѓу кои и четири викендички кои беа „фрлени“ во морето практично за една минута.

За среќа никој не настрада и сите жители биле евакуирани.

Андерс Бјордал од Одделот за вода и енергија за „СиЕнЕн“ објасни дека вакво нешто во Норвешка многу ретко се случува, односно можеби еднаш на секои две години.