Гоца Тржан откри дека на нудистичка плажа во Грција го сретнала некогашниот фудбалер, по што му паднало незгодно

178

Пејачката Гоца Тржан признава дека со задоволство посетува нудистичка плажа.

„Нудист сум. Со задоволство бирам нудистичка плажа. Не одам повеќе во Црна Гора бидејќи таму има многу фотографи, но бев во Грција и беше преубаво. Тоа чувство е тешко да се објасни, мора да се доживее“, вели пејачката.

ФОТО: СРБИЈА ДАНАС

„Постојат граници, но се трудам да бидам во нормала. Нема потреба некој да кажува што треба да се прави. Тоа ми е без смисла. Кога секој си ја гледал својата работа, животот би бил поубав“ додава Гоца.

Освен тоа Тржан призна дека на нудистичка плажа го сретнала некогашниот југословенски фудбалер.

„Еднаш на нудистичка плажа го сретнав Дејан Савиќевиќ. Го поздравив, но тој го сврте погледот“, вели пејачката.