Австралијанката која се претставила како Сали, своето искуство го споделила на интернет. Таа останала целосно збунета кога добила порака од мажот кој одамна ѝ се допаѓал. Таа порака била одговор на нејзината која му ја испратила пред точно осум години.
Неа, некое момче одамна многу ѝ се допаѓало, а прв ѝ испратил порака во 2011-та година со содржина: „Здраво убава. Како си?“.
Сали по три денови му одговорила: „Здраво, добра сум, благодарам. Што има кај тебе?“.
Меѓутоа, нејзиниот додворувач не чекал три денови за да ѝ одговори туку повеќе од 3.000 денови па ѝ одговорил во 2019-та година со невообичаен текст.

„Дури сега ми стигна твојата порака, телефонот ми се апдејтираше, помина многу долго време“ – напишал тој како да не поминало повеќе од осум години во меѓувреме.
Не е познато дали Сали му одговорила на пораката.
Нивната размена на пораки се појавила и на социјалните мрежи и насмеала многумина.
„Тоа е стандардно време за одговор“, „Станува збор за момче кое умее да се фокусира и да се посвети“ – се само дел од шеговитите коментари.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















