Милко Ѓуровски е една од големите македонски легенди, репрезентативец на поранешена Југославија, репрезентативец на Македонија, легенда и на Црвена Звезда и на Партизан, човек кој ја стресе југославија со најбурниот трансфер во поранешната држава и човек кој нема влакно на јазикот, а кој спортот го доживуваше како – забава и уживање.
Ѓуровски има бронза од ЛОИ со СФРЈ на Игрите во Сеул во 1988 година, но ќе остане запаметен како еден од најголемите „лудаци“ во југословенскиот фудбал, кој беше склон на пороци, но за него сето тоа беше забава и опуштање за да игра подобро.

„Роналдо може да има и 300 милиони на сметка, ама не може да биде Милко – да седи во кафана и никој да не го замара и да му пречи. Јас уживав во својата слобода. Така живеам и сега, исто како што живеев во Југославија, во Холандија. Мене луксуз не ме интересира. Јас во Гронинген живеев во мал стан, т.е. само спиев во него, другото беше – авантури низ град. Како прво јас не сум ѕвезда, јас сум Милко. И секогаш бев. Во Холандија сите ме сакаа и ме сфаќаа, зашто јас не глумев, туку бев дел од нив, човек кој сака да седне и да испие некоја пијачка. Не одев по познати локали, туку во локални, сакав да бидам со обичниот народ“, вели Ѓуровски во интервју за „Моцарт“.
Го обвинуваа дека пие и пуши, дека има проблем со коцката, дека вмешан е со криумчарење на злато, дека е поврзан со криминалното подземје во екс-Југославија…
„Единствена вистина е дека пушев додека бев играч! Па што? Бев пушач, ама и други знаеа да земат дим, но не како јас – пред тренерот. Без проблем си пушев на стадион, а знаев дека сите ме гледаат. Но, тоа немаше негативен ефект на мојот фудбал. Можеби ќе имаше, ако престанев!? Секој фудбалер треба да го прави тоа што му прави задоволство, ама се додека игра добро. Сакав да пијам, да пушам, сакав повремено да одам во казино, но никогаш не се дрогирав. Другите приказни дека сум криумчарел злато, дека сум бил дел од криминално подземје, дека сум имал коцкарски долгови, пари на црно – се е тоа неточно. Тоа што ‘жестоки момци’ беа со нас, тоа е приказна, зашто ние бевме популарни и сите сакаа да бидат во наше друштво. А, јас од нив не се плашев, не ми беше проблем да се носам со нив“, потенцира Милко
Додава дека малку фалело да заглави в затвор и тоа поради лажна возачка дозвола. Позадината е епска. Партизановец од полицајците му ја извадил, го фатил звездаш, лут откако Ѓуровски заминал во лутиот ривал

„Кога потпишав за Партизан, полицаец ми среди за лажна возачка дозвола. Изгледаше како вистинска, само бројот неисправен. И две години со неа си возев, додека не ме застана друг полицаец, а тој да ти бил – навивач на Црвена Звезда. Очигледно не можеше да ми прости што направив трансфер. Откри дека дозволата е лажна, иако имам впечаток дека некој ме издаде. По закон требаше да лежам затвор од шест до осум месеци, но тогаш се случи трансферот во Гронинген, па се беше средено. Дури не требаше ни изјава да давам“, потенцира Ѓуровски.

Многумина сметаа дека Ѓуровски ако не бил склон кон пороците, пред се пиењето и пушењето, ќе бил уште подобар. Можеби ќе играл и за Реал или Барса, ама легендарниот фудбалер има поинакво мислење. Дури и пробал да живее спортски, арно ама…
„Поима немам дали ќе бев подобар ако живеев спортски. Се обидував, имаше ситуации кога ништо не правев, само тренирав и потоа на терен – најлош. Морав да се чувствувам комотно, за да играм како што се очекува од мене. Да бидам свој – да пушам, да пјам. После тренинг да одам на пиво. Што е животот, ако не е интересен?“, вели Милко.
Немаше богата или голема кариера после играчката, имаше лоша епизода и во Вардар, најмногу работеше во Словенија, каде и сега живее. А за животот, од и во фудбалот има само лоши зборови.
„Фудбалот е убав, барем беше додека играв, ама се околу него е тотално сра*е. Фудбалот повеќе не е мој свет. Болен е. Парите го уништија!“, вели Милко, па додава: „„До 20 години размислуваш како дете, до 35 животот ти е убав, како цел свет да е под твоите нозе, а после стануваш семеен човек, сопругата и децата се приоритет… После 50-та животот е – катастрофа. Ќе видите кога ќе стигнете до пола век. Ќе се сетите на моите зборови. Тоа е оној период од животот кога лабаво приметувате дека се ближи крајот. Се ве боли, се ве нервира… А, тоа што сега ми е најбитно е дека духовно се чувствувам сјајно. Јас со паметот уште сум млад
Како ти поминуваат деновите?
Кога немам тренерски ангажман, тогаш сум тука во Марибор со жена ми Андреа. Станувам рано, пијам чај или кафе, таа оди на работа, јас одам во кафуле и таму пијам чај или кафе, потоа одам во уште едно кафуле, пак пијам чај или кафе и се враќам дома, ама полека. Па гледам телевизија. Потоа Андреа се прибира, а јас обично готвам. Во 19 гледаме вести и пиеме кафе, потоа еден филм па во кревет. Тогаш сум уморен. Следното утро се будам во 6 и го правам истото. Во Марибор секој ден е ист, тоа е проблемот. Не само за мене, се чини сите во Марибор се уморни. Досадно е тука. Добар град е ама за кога ќе имаш 70 години.

Вака живееш сега, а како живееше кога беше фудбалер?
Па спротивното од ова не беше лошо. Јас живеев за двајца мажи, но веќе 20 години не пијам ни капка алкохол. Во 1998-ма година играв малку во Канзас. Таму пиев многу виски. Кога се вратив дома, се разбудив еден ден и решив повеќе да не пијам. Решив и се уште се придржувам на тоа. Зошто повеќе не пијам? Не знам, можеби затоа имам малку луд карактер.
Пред шест години се пресели во мал стан и излезе од голем стан 250 квадрати. Зошто?
Преголем беше, особено кога одам некаде да работам, Андреа живее сама. Сега имам стан од 60/70 квадрати. Таман е тоа, а толкав имавме и во Гронинген. Не ми смета што е мал станот, не ме интересира луксуз. Прекрасно ми е. Пред се јас не бев ѕвезда, јас сум секогаш Милко. Ги сакав луѓето во Грониген. Кога ќе излезев во 1 по полноќ, никој не ме прашуваше што правам. Не ме осудуваа. Јас не бев тогаш Милко Ѓуровски фудбалерот, туку гостин кој излегол на пијачка. Исто беше и кога играв во Ѕвезда и Партизан. Јас не излегував таму каде што беше тренд, туку во помалите барови каде што излегуваше народот.

Ова е мојот живот и сакам да го правам она што го сакам. Го правам тоа сега, а тоа што сакав го правев и кога бев фудбалер и во Гронинген и во Југославија. Исто така бидејќи знаев дека по завршувањето на кариерата никој нема да ме погледне.
Секој месец добивам по малку пари заради тоа трето место на Олимписките игри, но што е со остатокот? Ништо. Станав шампион со Ѕвезда и Партизан, постигнав многу голови. Но мислиш дека ми се јавил некој претседател од клубовите да праша како си Милко? Никој не се јавил. Така оди тоа во фудбалот. Те сакаат само додека играш фудбал, после тоа ништо. Фудбалот е убава игра, додека играш убаво, но се од околу е срање. Ова не е мојот свет. Болно е. Парите го уништија фудбалот.