Најдобриот тенисер на светот во циклусот на емисијата „Свесно живеење“ покрена нова тема за гледачите.
Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил споделил снимка од разговорот со професор д-р Драган Иванов, кој што е специјалист по интерна медицина и професор на Универзитетот во Нови Сад.
Ѓоковиќ во текот на нивниот разговор открил дека не консумира храна по 16 часа во последната година и пол.
„Сакам да позборувам на тема автофагија. Колку е важна, тој вид пост 18-8, во кој 16 часа не се јаде, 8 часа се јаде, тоа јас го применувам. Во последнава година почувствував големо подобрување во системот за варење, подобро спијам, имам поголема енергија во текот на денот, имам помалку падови“ – изјавил Ѓоковиќ.
Професорот Иванов, кој што е вегетаријанец, имал поопширна анализа за тоа:
„Што е автофагија? Доколку ништо не внесуваме 12 часа, нашиот мозок гледа каде може да ја пронајде нашата резерва. Тогаш пронаоѓа некои микроорганизми, патогени бактерии и ги разорува и рециклира, тогаш наоѓа некоја мутирана ќелија и од разградените материјали прави екстра енергија, па имаме дополнително гориво затоа што сме имале ќелии и структури кои што ни биле нефункционални и тие ќелии ги зема за создавање на нови, млади ќелии, здрави.
Доколку јадеме во 2 или 3 часот попладне, во 2 или 3 часот по полноќ се активира автофагијата и потоа таа ќе го исчисти нашиот организам од микрооорганизмите, артеросклеротичните наслаги на ѕидовите од крвните садови, од мозочните ќелии. Таа ќе го исчисти нашиот организам и ќе ни подготви гориво за утрешниот ден, но мора да поминат 12 до 16 часа“ – изјавил Иванов.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












