Стадионот на Ривер Плејт, „Монументал“, ќе биде суспендиран и тоа е повеќе од извесно, а постојат голем број на понуди за одигрување на реванш мечот од финалето во Копа Либертадорес.
Навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока во саботата по што мечот беше одложен за во недела, а откако Бока бараше одложување и суспензија за стадионот на Ривер, мечот повторно беше одложен и не е познато кога ќе се игра.
Денеска КОНМЕБОЛ ќе одржи состанок, прво што ќе се одлучи е дали мечот ќе се игра на „Монументал“ или не, а доколку не, ќе се расправа дали ќе се игра зад затворени врати или со публика.
Доколку се игра без публика, тогаш натпреварот ќе се игра на стадионот „Хозе Амалфитани“ кој е дом на Велез Сарсфилд.
Доколку се случи „Монументал“ да биде суспендиран и да се игра со публика, што е најверојатната опција, реванш мечот ќе се игра во Асунсион, главниот град на Парагвај (најголем фаворит) или Мајами, додека Џенова и „Емирати“ испаднаа од конкуренција.
Засега најизвесно е дека мечот ќе се одигра во Асунсион, но треба да се сочека официјалната одлука на КОНМЕБОЛ.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















