Министерката за земјоделство на Германија, Јулија Клекнер предупреди дека во земјата од мај можно е да владее недостиг на одредени намирници, посебно овошје и зеленчук.
Таа со низа на мерки планира да го спречи таквото сценарио и со писмо до федералната влада побара пакет помош за земјоделието и прехрамбената индустрија на Германија.
„Ланецот на снабдување со намирници мораме да го оставиме недопрен. Тоа што не се сее, не се сади, не се жнее и не се транспортира, на крајот ќе недостасува во снабдувањето на населението“, изјави германската министерка, нагласувајќи дека пазарот ќе има проблеми од мај ако не се сее зеленчук.

„Степенот на нашето самоснабдување кај некои од основните намирници е повеќе од 100%, но кај овошјето и зеленчукот е под 40%“, објасни Клекнер.
Покрај тоа, германската министерка наведе дека на земјата ѝ се заканува огромен проблем со недостаток на работна сила, што ќе резултира со последици по производството. Во март во Германија, по правило треба да има 30 илјади сезонски работници, а во мај дури 85 илјади. Во сегашната ситуација, според министерката, невозможно е да се реши тој проблем.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











