Гаши: Заминувањето на Мијалков е најасен знак дека конечно и Заев треба да си замине

67

Заминувањето на Мијалков е најасен знак дека, конечно и Заев треба да си замине“, вака ја започна својата реакција лидерот на Алтернативата, Африм Гаши.

Во својата реакција оцени дека бегалецот Сашо Мијалков, се изјаснил за виновен, но додава дека сето ова зборува за целосно уништување на правдата.

– Со своето бегство, веќе ја призна својата вина и затоа избега, но ова зборува повеќе од тоа за целосен колапс на системот за правда и безбедност. „За жал, додека Мијалков бега без трн во око, можеби дури и со помош на оваа влада, од друга страна, таткото и чичкото на Алмир Алиу се уапсени без никаква вина“, рече Гаши, пренесува ТВ21.