Гачевски и врати на Шкендија: Вие сте најголем срам -плачете малку ајде

707

Голманот на Вардар и воедно капитен на клубот, Филип Гачевски повторно се огласи на „Фејсбук“ по објавеното соопштение на Шкендија во кое беше спомнат и тој

„Хаха, па вие сте најголем срам! Ние какви неправди доживеавме во Тетово па никоум ништо… Не дигајте галам без потреба! Плачете малку ајде! Не пишувајте глупости – засрамете се“, напиша Гачевски.

За потсетување по неделното дерби кое заврши со 2-2 и со кое беше спуштена завесата за оваа есен во ПМФЛ, Гачевски исто така ја пецна екипата од Тетово.

„Иако многу не веруваа во нас од самиот почеток, ние верувавме, веруваа нашите навивачи, нашиот стручен штаб и луѓето кои го водат клубот. Во Скопје моментално е +8, а во Тетово -8, ќе мора да набават што повеќе дрва за зимава да не им е ладно. Комити и Војводи браќа засекогаш, Вардар е светиња. Вардар е гордост, Вардар е Македонија“, напиша Гачевски.