Фудбалерот остана со 6 евра на сметката поради илегално градење, а властите му го одзеле и пасошот за да не може да побегне од земјата

0
111

Можеби најомилениот фудбалер во историјата кој десет години играше во Европа за ПСЖ, Барселона и Милан, во кариерата заработи милиони и милиони долари, а пред само неколку месеци вредноста на неговиот имот беше проценета на 90 милиони долари.

Сепак, Роналдињо се најде во огромни долгови, во толку голем размер што бразилските власти одлучиле да му го одземат пасошот за да не може да побегне од земјата.

Роналдо де Асис Мореира (38), според пишувањата на шпанскиот магазин Марсе, моментално на својата сметка има помалку од 6 евра, бидејќи западнал во “валкани” бизниси и е казнет поради илегална градба во заштитено подрачје во Бразил, заедно со својот брат Роберт.

Иако е направена нова хипотека на земјиштето, поради огромни камати Роналдињо не може да плати долг од два милиони евра.

Не е многу јасно каде исчезна богатството на Роналдињо, иако секогаш беше познат по раскошниот начин на живот, а очигледно неговата финансиска состојба не го спречува да патува низ светот. Имено, на 17 ноември треба да се појави на хуманитарен фудбалски натпревар во Франкфурт, па доколку дотогаш не го исплати долгот, публиката и сиромашните деца, кои од тој натпревар треба да добијат пари ќе бидат разочарани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here