Седум години Хесус Пастор ги одбележува најголемите хедонистички кулминации во Берлин. Не постои ноќ во Берлин која не била снимена од Пастор, а овој фотограф седум години ги посетувал најголемите хедонистички забави во Берлин сакајќи да го долови ноќниот живот и да ги набљудува “ноќните животни”, како што тој ги нарекува, како живеат на вечер.
Пастор ја започнал својата авантура во 2010 година и тоа на забавата после Филмскиот фестивал во Берлин. Многу брзо стекнал голема репутација, која му овозможила него и на неговата кариера пристап до сите настани каде всушност е забрането фотографирање, односно на забавите каде речиси е невозможно да се влезе.
Во таквите клубови забавите се опишуваат со зборовите: “секс, хедонизам, бегство и изобилство”.
Последното дело на Хесус е со наслов “Диви волци”, кое е мешавина од неговите најдобри фотографии кои го прикажуваат хедонистичкиот сјај на Берлин во текот на ноќта. Тоа што е интересно и го изјави за порталот “Vice” е дека жителите на Берлин не знаат за табу: “Можете да ја помирисате слободата во секој ќош”.


















![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)










![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)




















