Прва фотографија од Момо Николоски и сопругата во болница: „Со љубов ќе ги растераме темните облаци!“

172

Сопругата на пејачот Момо Николоски, Валбурга со емотивна порака и фотографија преку социјалните мрежи на својот сакан му порача дека секогаш ќе биде покрај него и јавно им се заблагодари на сите хумани луѓе кои донираат средства за Момо да оди на лекување и да се избори со ракот.

„Ајде мило мое…моите песни чекаат на тебе! На тебе чекаат и сите оние на кои им требаме и помагаме со години. Твојот свилен глас пак ќе се разлее низ етерот, онака како што ти само знаеш. Со љубов ќе ги растераме темните облаци кои се надвиснаа над нашиот живот. Ви благодарам на сите вас кои постојано се јавувате, прашувате и давате придонес за опстанокот на еден мил, чесен и доблесен човелк – мојот човек“, стои во постот на Валбурга.

Веста за болеста на Николовски прв ја објави музичарот Сашо Ливрински.

„Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика, ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка: 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769 – напиша Ливрински.

Претходно сопругата се огласи преку „Фокус“ и ја разјасни ситуацијата во која се наоѓа нејзиниот сопруг, доајенот на македонската народна музика Момо Николоски:

-Момо има ра* на желудник, направена е операција, но за жал после отворањето на абдоменот се доаѓа до лош наод, ра* со абдоминални метастази. Докторите предлагаат хемотерапија и се друго што може да го понудат понапредни болници во Берлин и Истанбул. Чекаме уште два битни резултати од биопсиите, но времето работи против нас, па се лекуваме и со скапи алтернативни методи. Сумите кои ни ги бараат се движат од 10.000 евра до недостижни плафони. Се наоѓаме во хаотичен период со испланирани секунди во текот на секој ден, а луѓе постојано пишуваат и се јавуваат да дадат морална поддршка, за што сме многу благодарни. За жал, во овој момент не ни даваат мобилни опции за помош, бидејќи во формуларите се бара потврда од странска болница дека таму ќе се оперира и фактура со точниот износ на операцијата. Ние такви податоци не можеме да обезбедиме, затоа што методите можеби и нема да вклучат операција, туку ласерски пристапи или матични клетки – истакна Валбурга.

loading...