(ФОТО) Роналдо стапнува на „лудиот камен“: Кристијано ја запросил својата девојка!

904

Португалскиот фудбалер и прва ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, одлучи да ја запроси својата девојка Георгина Родригез, пренесуваат португалските медиуми.

Роналдо, Георгина и Кристијано Јуниор изминатите денови престојуваа во Лондон каде меѓу останатото присуствуваа и на Завршниот мастерс турнир, а фотографите во таа прилика успеаја да забележат неколку фотографии на кои се гледа вереничкиот прстен на Георгина што е јасен доказ дека рекла „да“.

Португалските медиуми пренесуваат дека двојката е ангажирана околу свадбата која би требало да се одржи наскоро и за која само одреден број на луѓе знаат повеќе информации.

Георгина и Роналдо се запознале во летото 2016. година кога манекенката работела во продавница на „Гучи“ во центарот на Мадрид додека Роналдо бил на шопинг на истата локација.

Двојката во меѓувреме доби и две деца, па за очекување беше дека еден ден ќе се одлучат да стапат во брак.