ФОТО: Ова е докторот херој кој од мртвите го врати голманот на Вардар и спречи трагедија

2046

Како што пренесуваат бројни медиуми, денес на мечот од пионерската лига помеѓу  Њу Старс и Вардар за влакно било избегната трагедија.

Имено по еден остар старт, голманот на Вардар, Кристијан Китановски загубил свест и се струполил на теренот ,и речиси бил мртов.

Сепак благодарение на брзата и присебна реакција на докторот на Њу Старс, тој бил вратен во живот и итно пренесен во болница, каде за среќа по детални прегледи е пуштен на домашно лекување.

Докторот кој го спасил младото момче е Јордан Манасиевски, специалист кардиолог кој работи како клупски доктор во Њу Старс.