Дисперзијата на лекувањето на зависници низ Центри во државава ќе го реши проблемот, а соработката со Општините, невладините организации и со граѓаните ќе биде за да се укаже дека нема потреба од страв и паника, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата со лекувањето на зависниците и за нивната терапија.
Во државава, рече министерот за здравство, во 10 градови веќе постојат десет центри за лекување на зависници. Но, според него, проблем е што во Скопје е најголемата бројка, од над 500 пациенти е во Центарот во општина Кисела Вода, што, како што рече, создава ситуација да има проблеми во давањето на терапијата и отвора можност за злоупотреба.
-Тоа е една од причините што постапивме според системот на дисперзија, за што добивме согласност и постигнавме консензус со градоначалниците од повеќе општини. Кога се помалку пациенти, терапијата ќе може да ја примат во присуство на лекар, ќе нема мешаница и пациентите да доаѓаат на 2-3 дена. Со терапијата има и психолошка поддршка. Тоа не може да се постигне кога има огромна бројка пациенти на едно место, а се одбегнува и гетоизација што не е современ медицински пристап. Во Скопје има уште еден Центар, во болницата „8 Септември“ каде има осумдесеттина луѓе и нема проблеми, ниту пак, со медицинскиот отпад. Заедно ќе работиме со претставниците на општините и со граѓанските организации. Пред се, со граѓаните кои живеат во околината на здравствените домови за да им укажеме дека нема потреба од страв и паника, рече Филипче, кој присуствуваше на денешната донација на санитеттско возило за прилепската болница од Република Турција
Според Филипче, во моментов има доволен број психијатри за да започне дисперзијата.
– Во меѓувреме го пративме и барањето за нови, околу 30 вработувања, кои ќже бидат распределени низ сите тие центри, изјави министерот за здравство Венко Филипче.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











