Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата го претстави новиот предлог план за одлучна акција против ширењето дезинформации. Тој најави безбедносни и проактивни мерки, воведување безбедносни протоколи за комуникација со институциите, за безбедно комуницирање преку интернет и електронска пошта, зајакнување на внатрешната ИТ инфраструктура…
Рече дека поради тоа, сега и тој користи нов телефонски број со поголема безбедност.
Премиерот истакна дека се работи за нова стратегија за транспарентност, ќе бидат објавени официјални одговори на прашања на медиуми и граѓани за да се спречи извртување на официјалните ставови на Владата.
Објасни дека Владата ќе формира акциска група против дезинформации, која ќе ја координира министерот Роберт Поповски, а одговорен ќе биде посебниот советник за односи со јавност, Марјан Забрчанец.
Ќе биде спроведувана кампања од јавен интерес за штетното влијание на дезинформациите, а Владата ќе прави и внатрешна кампања за вработените.















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)






















