Фатен тетовецот кој уринираше врз Македонското знаме

703

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчистил случајот со сквернавењето на државното знама на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394  од Кривичниот законик.