Доказ дека вистинската љубов секогаш го пронаоѓа својот пат е парот Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер.
Откако се појави во светот на спортот, српската тенисерка го освои светот со својот талент, но и убавина. Стана сон на многу мажи, но првата средба со германскиот фудбалер не била баш најдобра…
Во филмот кој е прикажан во чест на Бастијан кога ја заврши фудбалската кариера, е опишан и моментот на нивното запознавање.
„Не фала, јас сум среќно заљубен“, ѝ кажал Германецот кој во тоа време бил во 7-годишна врска со манекенката од Минхен, Сара Бранднер. Иако сите ја исчекуваа нивната венчавка, тие раскинаа во 2014 година, а причината била подоцна откриена – Бастијан „лудо“ се заљубил во Ана.
Како всушност се запознале Ана и Бастијан, открил тренерот на кошаркарите на Баерн, Светислав Пешиќ за германскиот „Bild“.
„Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во емотивна врска, ги запозна мојата ќерка Ивана. Нека се сакаат и држат за рака“, рекол Пешиќ.
Љубовниот живот на Ана го одбележаа неколку врски: со тенисерот Марк Стилитано, голферот Адам Скот и славниот шпански тенисер Фернандо Вердаскo. Сепак, судбоносното „да“ му го кажала само на Бастијан.
По тајната веридба следуваше бајковито венчање во Венеција, на 12 јули 2016 година, а свадбената церемонија ја проследија над 200 медиуми од целиот свет.
Родителството го обогатил нивниот живот од соништата – во март 2018 година го добија синот Лука, а во август 2019 година и другиот син – Леон.
Ни Ана ни Бастијан не кријат колку се благодарни што се имаат, па често и на социјалните мрежи си упатуваат емотивни зборови.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















