Евертон доби дозвола за градба на грандиозниот стадион во Ливерпул

74

Градскиот совет на Ливерпул му даде дозвола на Евертон за градба на долгоочекуваниот нов стадион, кој треба да се гради покрај крајбрежјето на Бремли-Мур.

Од редовите на „карамелите“ тврдат дека стадионот ќе биде полн-погодок во уредувањето на крајбрежјето и се надеваат дека истиот ќе биде готов до 2024 година. Проектот вреден половина милијарда фунти треба да обезбеди работни места за 15.000 луѓе, но и покрај фактот што градскиот совет на Ливерпул даде дозвола, Евертон мора да добие „зелено-светло“ и од Владата.

Историскиот архив на Англија веќе се спротивстави, коментирајќи дека изградбата на стадионот на ова место ќе му наштети на наследството на градот, додека партијата на зелените е загрижена за тоа како сè ќе влијае на околината.

Од Евертон велат дека барале место за новиот стадион веќе 25 години, бидејќи позицијата на „Гудисон Парк“ има бројни ограничувања, пред сè во проширувањето на трибините. Новиот стадион ќе има капацитет од 52.888 места.