Караџовски: Свадбите се забранети, никој не дал согласност да се организираат, а се одржаа еден куп

63
Факт е дека дел од мерките се додадени за да нема групирање. Некои луѓе одат да се групираат, да ѓускаат. Никаде не беше речено да се организираат свадби, ама се одржуваат еден куп свадби. На социјалните мрежи се гледа како по четири лица седат на маса, добиваат сметка како да се посебни гости и на крај тоа испаѓа дека е свадба“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски.

Според него, зголемениот број на новозаразени се должи на собирањата и непочитувањата на препораките. Анализата на епидемиолошките податоци во изминатите три дена, укажува дека одредени настани се главниот промотор на зголемениот број на заразени. Протоколите не се почитувале, не се носело маска и не се држело дистанца.

Тој уште еднаш апелираше да се почитуваат препораките – да се носи заштитна маска, да се држи дистанца, да нема групирање и често да се мијат рацете.

Вчера беа регистирани рекордни 535 новозаразени со ковид-19 и шестмина починати пациенти како резултат на компликации со ковид-19.