Еве од кого убавата ТВ – презентерка ја наследила убавината – Ова е мајката на Татјана Стојановска која наполни 66 години

111

Eдна од нашите најубави и најпознати дами на ТВ екраните, Татјана Стојановска деновиве имаше убав повод за славење. Имено, мајката на Татјана го прослави својот 66 роденден.

По тој повод, Стојановска на својот „Инстаграм“ објави фотографија со својата мајка која во рацете држи торта на која има свеќички со бројот 66.

Во описот напиша: „Среќен роденден мамо“.

Нема сомнеж дека Татјана својата убавина ја наследила од нејзината мајка која за своите 66 години изгледа прекрасно, витално и е вистинска дама со стил. Освен тоа Татјана и нејзината мајка премногу си личат.

Незалудно рекле дека „крушата под круша паѓа“ , а водителката очигледно е копија на мама.