Еве каде може евтино да летувате: Кафе 30, пиво и тост по 60 денари

1070

И како Струга нема друга…

 

Ако сакате годинава за заминете некаде на годишно летување, а немате доволно финансии за да заминете на море, некаде во соседството, тогаш не очајувајте. Македонија е богата со туристички центри, кои имаат пристојни цени за сечиј џеб.

Оваа година Струга има богата, а евтина понуда. Таа нуди сместувачки капацитети по прифатливи цени, а и храната во маркетите, рестораните и баровите воошто не е висока.

Кафе може да се напиете и за 30 денари. Пиво е 60 денари, а исто така и тостови или сендвичи. Крофни на плажа се движат по цена од 30 до 50 денари.