Жителите на регионот Атика, кој бил проголтан од огнената стихија, опишале како босоноги со само долна облека, бегале за да се спасат од пожарот кој голтал се пред себе во овој дел на Грција.
Зад нив останала само пепелта и страшните слики од деца и луѓе кои гореле како живи факели и за кои немало спас.
Грчкиот сајт “Prototema” објавил страшни сведоштва на преживеаните од местото Неа Вуја. Покрај тоа што во пожарот изгубиле се што имале, останале без домовите, гледале и како луѓе им умираат пред очи додека се обидувале да побегнат од пожарот.
Споменатиот сајт објавил страшни сведоштва на преживеаните од местото Неа Вуја.
Мештаните кои во пожарот изгубиле се што имале и останале без своите домови, ги гледале страшните страдања на луѓето, кои им умирале пред очите обидувајќи се да побегнат од бесниот пожар.
Оние кои имале среќа да преживеат, меѓу кои имало и многу постари луѓе, побегнале во последен момент на безбедно.
Мајките со децата во раце трчале кон плажата, со надеж дека таму ќе пронајдат засолниште од пламенот. Некои успеале да преживеат, а некои не. Една мештанка никогаш нема да ја заборави сликата од девојче кое горело пред нејзините очи.
“Слушнав некој како вриска “помош”, се свртев и видов девојче од 15-тина години како гори. Трчаше кон морето и скокна од висина од 15 метри за да се спаси. За жал, не успеа. Видов само чад кој го прекри небото над неа”, опишала таа.
Друг преживеан изјавил дека тој и неговото семејство биле “бркани” од огнот и дека се спасиле со скок во море.
“Пламенот веќе ни го зафати грбот пред да скокнеме во морето. Реков дека мора да бегаме ако мислиме да останеме живи”, рекол Костас Лаганос.

Кога видела дека огнот се доближува до нивната куќа, една мајка ги зграбила двете деца од три и шест години, и само по пижами и апостолки трчала кон плажата.
“Додека ги ги носеше децата во рацете, одеше преку оган и пепел, а нозете и гореа. Успеа да дојде до водата и да го изгаси огнот од нозете, цело време држејќи ги своите деца цврсто за да не паднат во морето”, рекла една од преживеаните.
Грчкиот сајт “Prototema” пренесува дека илјадници луѓе побегнале на пристаништето, каде на помош чекале цели два часа. Кога помошта конечно пристигнала во 2 часот околу полноќ, веќе било доцна…
Волонтерот Никој Манезис видел страшна сцена во која луѓе гореле заглавени во автомобили, а единствено што им преостанало било да се прегрнат. Тој поставил фотографија од местото каде ја видел оваа страшна сцена.