Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.
Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.
Сличен работен век имаат нашите соседни земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија. Исто толкав работен век имаат во Романија. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.
Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















