Борис Џонсон и Жан Клод Јункер потврдија дека денес во Брисел бил постигнат договор за Брегзит, односно за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
„Добивме одличен нов договор кој ја враќа контролата – сега парламентот треба да заврши со Брегзит во сабота за да можеме да преминеме на други приоритети како трошоците за живот, здравството, криминалот и нашето опкружување“, порача британскиот премиер Борис Џонсон.
„Таму каде што постои волја, таму има договор. Постигнавме договор. Тоа е фер и избалансиран договор за Европската унија и Велика Британија и тоа ја потврдува нашата посветеност во пронаоѓањето на решенија“, порача првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Јункер и натаму жали поради резултатите од референдумот одржан во 2016-та година, но нагласи дека во интерес на Европската унија е „уредно и пријателско заминување на Велика Британија од Европската унија“.
Преговарачите постигнаа договор за ревидираниот Протокол за Ирска/Северна Ирска и за ревидираната политичка декларација на 17-ти октомври 2019-та година.
„Препорачувам Европскиот совет на својот следен состанок да го одобри ревидираниот Договор за повлекување и политичка декларација“, изјави Жан-Клод Јункер.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


