Ердоган презема султански овластувања: Бев чирак, па калиф, а сега сум голем мајстор! Турција ќе биде една од најголемите светски сили

1252

Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, прв пат денес ќе положи заклетва како претседател во новиот политички систем кој на шефот на државата му дава целосна извршна власт, а медиумите таа функција веќе ја нарекле извршен претседател.

На церемонијата на положување на заклетва на Ердоган ќе присуствуваат, како што се очекува, 22 претседатели, 28 премиери и претседатели на парламенти.

Откако дошол на власт во 2003. година, Ердоган ја именувал секоја фаза во текот на консолидацијата на својата власт – прво себеси се нарекол чирак, па калиф, а на крајот мајстор. Пред јунските избори “AP” ја пренел неговата изјава дека новиот петгодишен мандат го унапредил во “голем мајстор” и му помогнал од Турција да направи една од најголемите светски сили до 2023. година, кога Турската Република обележува 100 години постоење.

Најмоќниот лидер во историјата на Турција, но и оној кој предизвикува најголеми поделби, барал нов мандант на претседателските избори, кои би можеле да го зацементираат преминувањето на Турција од парламентарен на претседателски систем, за што добил тесна поддршка на референдумот минатата година.

Некогашниот амбасадор на Србија во Турција, Душан Спасојевиќ, своевремено за Ердоган рекол дека е политичар од раса, воспитуван со идеите на патријархалниот аскетизам и сунитскиот ислам, човек од народот со ретка остроумност и лидер со голема дарба за општење со масите, човек кон кого во тесниот избор на љубов и омраза, речиси е невозможно да се остане рамнодушен.

Покрај Кемал Ататурк, кој на чело на Османлиска империја се наоѓал 15 години, од 1923. до 1938. година, Ердоган несомнено претставува најзначајна фигура во модерна Турција.

На политичката мапа на денешна Европа турскиот претседател може да се спореди само со двајца лидери. Покрај германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин, во новиот милениум единствено Ердоган суверено владее со земја која, благодарение на својата големина, бројот на жители, геостратешката положба, историјата и традицијата, има потенцијал да влијае на случувањата надвор од своите граници.

Но, за разлика од Путин и Меркел, кои на својот пат до тронот тргнале од длабоко вкоренети естаблишменти во Русија и Германија, лидерот на турските конзервативци потекнувал од миле кое претходните 80 години ја претставувало прогонетата маргина на турското општество. За разлика од претседателот на Русија, кој од својот претходник Борис Јелцин добил прерогатив на апсолутна власт, и канцеларката на Германија, која ги наследила сите механизми на еден добро направен систем, Тајип Ердоган во ноември 2002. година го преземал кормилото на еден климав брод, чиј екипаж во текот на првиот мандат правел се да го оневозможи новиот капетан да тргне кон правилниот пат.

Првите години од владеењето на харизматичниот Ердоган и неговата партија, цврсто вкоренета во исламистичката идеологија, минале во постојано одмерување на силите со бастионите на секуларизмот, кои го окружувале од сите страни. Наспроти него се нашла не само втората по сила армија во НАТО сојузот, целата администрација и правосудството, туку и традиционално секуларните медиуми и нивните сопственици, како и некои од најбогатите турски семејства.

Тајната на успехот на секој лидер лежи во изборот на компетентни и лојални соработници и во постигнување на благосостојба на своите поданици. Ердоган во голема мера успеал во двете. Дека среќата ги следи храбрите, сликовито зборува неговиот пример.