“Чувај се себе и другиот” – ова е основната порака во сообраќајната етика. Но, ретко кој ја почитува и применува, доколку истиот не поминал низ премрежието – сообраќајна несреќа.
Премалку е и секој ден да се зборува за превенцијата и едукацијата, доколку на терен не функционираат казните. Резулаттите на официјална статистика и на Министерството за внатрешни работи за бројот на сообрајќајните несреќи и жртви потврдуват дека на македонските патишта се вози лудо. Едни брзаат, а други го извлекуваат „подебелиот крај“. Најчеста причина за сообраќајните незгоди е брзото возење.
Возачите притискале на педалот за гас повеќе од потребното, во миг менувајќи ја својата и судбината на другите. Брзото возење останува најризично. Македонските патишта како ретко досега, станаа места на најкрвавите инциденти во кои повеќе луѓе ги загубија животите, а уште повеќе останаа да ги лекуваат траумите. Поразителната статистика покажува дека возачите најмалку страдаат во несреќите, а најчесто жртви се пешаците, мотоциклистите, велосипедистите.
Секојдневните опасности во сообрајќајот на кои се сведоци сите активни учесници, сообрајќајни несреќи со жртви и повредени, покажува на реални и раширени проблеми, за кои е неопходна сериозна активност и вклученост на сите засегнати. Потребно е итно менување на свеста, знаењата на возачите но и подобрување на сообраќајните услови кои се еден од изворите на ваквите проблеми.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















