Билка која ги лечи главоболката, нервниот систем и ги прочистува цревата

154

Мечкин лук е диво растение кое може да се најде во шумата на почетокот на пролетта. Многумина не се запознати со тоа колку навистина е лековито, богато со витамин Ц, минерали, есенцијални масла, соли, каротин, протеини и масти.

Тој е многу моќен во детоксикација на организмот и исфрлање на токсините акумулирани во текот на зимата, но и во зајакнување на имунитетот, чистење на крвта и цревата. Подеднакво е добар и за подготовка на салати, но може да го додадете и во разни чорби.

Лечи главоболки, го стимулира нервниот систем. Се бере од март до јуни, во зависност од условите на живеалиштето и надморската височина. Легендата вели дека е толку здраво што на мечките им е потребно кога ќе излезат од хибернација за да го прочистат своето тело.

Во продолжение три рецепти за подготовка

Тинктура од Мечник лук

Потребни ви се 250 грама од лукот и еден литар ракија.

Откако добро го истолчивте лукот во дрвена чинија, ставете ги исечканите луковици во стаклено шише од 2 литри, а потоа прелијте ги со еден литар ракија. Шишето со ракија и мечкиниот лук се остава 2 недели на темно место, еднаш дневно се протресува и се остава на собна температура.

По 2 недели, треба да се процеди содржината преку газа од 2 слоја во ново стаклено шише и да го чувате во фрижидер.

Мечкин лук и маслиново масло

Измијте го лукот и оставете го да се исуши целосно, а потоа исечкајте го ситно (може да го мелете во блендер, но не го матете целосно). Ставете го лукот во тегла од 250 мл ладно цедено маслиново масло и додадете сол ако сакате. Оваа мешавина можете да ја користите како додаток на варени јадења или како прелив за салата. Покрај тоа што е вкусно, ќе имате и совршена дневна доза на витамин Ц.

Мед од мечкин лук

Во блендер, сомелете околу 300 гр од мечкиниот лук и додадете во 1 кг мед. Консумирајте мед од Мечкин лук со лажица еднаш дневно.

Забелешка: Пред да го користите овој природен лек, консултирајте се со вашиот лекар!