“Тоа што не го разбирам е одложувањето на почетокот на преговорите по одлуката од 2018-та година, истите да се отворат”, вели тој.
Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека Албанија се уште не е подготвена да биде членка на Европската Унија, но и дека одложувањето на овој процес е бесмислено.
Рама на годишната конференција “Состојба на унијата” во Фиренца оценил дека се поголемиот број на услови кои ЕУ и ги поставува на Албанија “се шизофрени и бесмислени”, пренесува албанскиот портал “ABC”.
“Сметам дека членство е крупен збор и дека денеска ако ме прашаат дали Албанија е подготвена да биде членка, би рекол дека не е. Меѓутоа, тоа што не го разбирам е одложувањето на почетокот на преговорите по одлуката од 2018-та година, истите да се отворат. Тоа навистина и е потребно на земјата”, рекол Рама.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















