Бразил е закана по целиот свет: Откриени 92 соеви на корона, најопасен е П.1

150

Бразил е на второто место во светот според бројот на починати од коронавирус, а домашните експерти предупредуваат дека пикот на моменталниот бран на епидемијата ќе дојде дури за неколку седмици.

Брзото ширење на сојот на коронавирусот кој прв пат бил откриени во Бразил е главна причина за загриженост ширум светот.

Претседателот Жаир Болсонаро од почетокот ја намалувал опасноста од коронавирусот, но сега се сконцентрирал на националната акција за вакцинација, за која неговите критичари велат дека е задоцнета.

Бразил има најмногу починати од коронавирус во Латинска Америка, а последните седмици еден од четири смртни случаи од коронавирус доаѓа од Бразил.

Доктор Мигел Николелис, бразилски професор по невробиологија, вели дека болниците во земјата се во колапс и дека тоа е прв пат во историјата јавниот здравствен систем да се руши.

Тој истакнува дека ситуацијата би можела да биде ублажена, ако се набават поголеми количини на вакцини.

Николелис истакнува дека Бразил не е само епицентар на пандемијата во целиот свет, туку и дека претставува закана за вкупните напори на меѓународната заедница да ја контролира пандемијата.

Микробиологот Наталија Пастернак смета дека Бразил има добар програм за имунизација, еден од најдобрите на светот, но дека нема вакцини. До крајот на март Бразил добил само околу половина од планираните 46 милиони дози вакцини.

Бразилскиот институт за јавно здравје “Fiocruz” соопштил дека открил 92 соеви на коронавирус во земјата, од кои најопасен е P.1.