Eден од петте силувачи на 13-годишното девојче e вработен во министерство за Правда

6710

Основниот суд Гостивар на три лица осомничени за полов напад врз дете помало од 14 години им определи мерка притвор од 30 денови.

Нивниот идентитет е утвреден. Станува збор за 62-годишен маж А.М., 58 годишен Н.Е. и три години помладиот Б.М.

Според извори од истрагата еден од тројцата е матичар во Министерството за правда во Гостивар и заедно со уште две лица против кои се уште се трага ја искористиле малолетничка со ментална заостанатост. Дека девојчето е силувано потврди полцијата и по направена експертиза на судската медицина.

Извор:lider.mk