Џими: Па ова што се случува во Македонија го нема ни во Африка!

629

Кандидатот за градоначалник на Штип со нигериско потекло, Симон Поликарп-Џими,
разочаран откако на три дена пред локалните избори некој ги искинал сите плакати со
негово име.

„Не можам да кажам зошто и кој се одлучил на еден ваков вандализам. Со никого не
сум се скарал, напротив, со сите живеам и ги почитувам. Но, можам да речам дека
вака не се гради демократија. Ова го нема ни во Африка“, вели Џими.

Тој е кандидат на партијата Интегра, а во Македонија живее речиси 40 години откако
во студиска размена дојде од Нигерија.