100.000 долари за една ноќ на приватен остров

0
87

До островот Banwa Private Island resort можете да стигнете само на два начина: со хеликоптер или со авион.

Тоа секако е една од поубавите работи за овој остров, затоа што ако овој тропски рај е достапен за многумина тогаш тој никогаш нема да биде толку посакуван. Оваа негова оддалеченост од остатокот на светот, по цена за едно ноќевање од 100.000 долари, самиот по себе го прави неверојатно ексклузивен за неговите гости чиј максимум може да достигне до 48.

Одморалиштето Banwa се наоѓа на еден од 7.000 филипински острови на Синиот архипелаг. Двочасовното возење со хеликоптер од Mанила до Banwa, ќе ве оддалечи од секој траг на цивилизацијата, а за возврат ќе ви подари уживање во шест вили на плажа, дванаесет соби во градината и неверојатни апартмани.

Иако сместувањето без сомневање е екстравагантно и нуди приватни базени, стаклени ѕидови и шик ентериер на дизајнерски студиа Manosa & Co, сепак уживањето во ова одморалиште е многу лежерно.

Органската фарма ќе ве снабдува со рачно собрани овошје и зеленчук во ресторанот и џус бар Latitude Restaurant & Teracce, а морските плодови се секогаш свежи и уловени во водите на морето Сулу. Артешкиот бунар, кој оди 152 метри под песокот, претставува природен извор на свежа вода која е во синхронизација со гравитацијата на океанската плима.

Во меѓувреме, фондацијата на ова одморалиште, Aquos, ги штити автохтоните видови на овој остров. Сепак мора да нагласиме дека ова не е само пуст остров каде што можете само да лежите и да се сончате туку понудени ви се и многу други активности, како на пример едрење со катамаран, голф, јога, пилатес, вежбање во теретана, тенис и фудбал. Јога на плажа е секогаш добра опција, заедно со спа третмани кои можете да ги добиете во вашиот апартман.

Освен тоа, фактот дека постојат само два начини да стигнете таму секако дека е голем бонус. Сигурни сме дека штом стигнете таму нема да посакате никогаш повеќе да си одите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here