ДРАСТИЧЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ: За колку ќе се намалат роаминг услугите во Западен Балкан од 1 јуни

94

Во Охрид првите луѓе на регулагорните тела ги договараа механизмите за реализација на овој, како што го нарекоа, многу важен проект за целиот регион. Минатиот месец на самитот за дигитална технологија во Белград министрите на овие држави го потпишаа овој договор.

Сашо Димитриоски, раководителот на Агенцијата за електронски комуникации на Северна Македонија очекува дека од потегот освен граѓаните да има корист и бизнис секторот.

За четриесетина дена ќе се намалат роаминг услугуте на земјите од Западен Балкан. Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од први јули ќе можат да зборуваат меѓусебно по намалени роаминг услуги за 70 отсто.

„Од први јули граѓаните на овие држави ќе имаат поевтини цени за роаминг услугите. На нас, како регулатори, ни останува само да ги синхронизираме механизмите за беспрекорно спроведување на тој договор.Треба да утврдиме фиксни цени кои ќе значат намалување од 70 до 80 проценти”, рече Сашо Димитриоски, раководител на Агенцијата за електронски комуникации на Македонија (АЕК).

Предвидувањата се целосно укинување на роамингот за околу две години.

Од АЕК велат дека сличен договор треба да има и со Грција, но не веруваат дека тоа ќе се случи до јули, поверојатно е тоа да се реализира до крајот на годинава.

„Ние сите законски предуслови ги имаме, а се надеваме дека тие и во Грција наскоро ќе бидат исполнети“, рече Димитриоски.

Од туристички агенции велат дека ова е многу важен момент и за туристичкиот сектор.

loading...