Кошаркарите на Голден Стејт забележаа победа и на третиот натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Кливленд и направија голем исчекор кон одбрана на шампионскиот трофеј.
„Воините“ рано утрово се радуваа на триумф со 110:102 на гостувањето кај „Кавалирс“ и покрај тоа што домаќините добро го отворија мечот, а на полувреме имаа шест поени предност (58:52). Сепак, со подобра игра во вториот дел шампионите направија резултатска предност и сега се на само еден чекор до потребните четири победи.
Со 43 поени, 13 скокови и седум асистенции Кевин Дурант беше најзаслужен за победата на Голден Стејт.
Во поразениот тим Леброн Џејмс стигна до „трипл-дабл“ – 33 поени, 11 асистенции и 10 скока, но и тоа не беше доволно Кливленд да го запиша првиот поен во финалето.
Четвртиот дуел, кој може да биде и последен во серијата е закажан за ноќта меѓу петок и сабота, повторно на теренот на Кливленд.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















