Едно истражување во кое биле вклучени околу 280 000 луѓе покажало дека дружењето со пријателите е одлично за нашето здравје.
Истражувањето опфатило 2 фази: Во првата фаза биле опфатени испитаници постари до 50 години, а во втората фаза имало испитаници од постара доба.
Во првата фаза било утврдено дека вреднувањето на пријателствата значело подобро функционирање во животните подрачја, но и поголем бенефит за здравјето и добросостојбата. Втората фаза покажала дека дружењето со пријателите придонесува за подобро здравје и помал ризик од хронични заболувања.
Како што старееме, се одалечуваме од дел од пријателите и ни остануваат само оние што се навистина значајни. Тие се тие пријателства кои не прават многу среќни. Тие ни даваат чувство на среќа, но и севкупно подобро здравје.
Истражувачите кои го воделе ова истражување истакнуваат дека пријателствата имаат навистина огромна моќ на телесното и менталното здравје што често се занемарува кај луѓето.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















