Австралија со право се смета за втора татковина на Македонците, каде освен во Македонија ги има во најголем број. Голем дел од нив се отидени, раселени како печалбари поради тешките услови во нашата земја но Македонија им е останата во срцето. Темпераментот и борбеноста се карактеристика на нашите таму кои исто така секоја година се големи донатори во нашата економија.
Ќе наброиме повеќе случки на нашинците таму во понатамошниот дел од текстот кои излегувале по медиумите низ годините.
Репортажа за Австралија, навистина детална и прекрасна на поранешната веќе затворена А1 телевизија:
Проблеми со црквата МПЦ и верниците во австралија вечно неусогласени:
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија одлучи црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиднам, предградие на Мелбурн да биде приклучена кон останатите општини и цркви под управа на Синодот.
„За црквата „Света Петка“ во Рокдејл, предградие на Сиднеј, остана да се заврши судскиот процес, а потоа ќе одлучува САС кон која групација таа ќе припаѓа, дали кон митрополитот Петар или кон САС“, изјавил порпаролот на МПЦ-ОА, митрополит Дебарско-кичевски, г.Тимотеј по редовната седница на САС на МПЦ на која, како што рече, биле разгледани повеќе прашања од животот на црквата со акцент на Австралиско-новозеландската епархија.
„Минатата седница Синодот одлучи да ги прими оние црковни општини што побараа да бидат под јурисдикција на Светиот архиерејски синод. Останаа две проблематични цркви за кои денеска се расправаше“, рекол г.Тимотеј.
Тој информирал дека САС, односно негови членови ја примија другата група верници и свештеници од групацијата од страна на митрополитот Петар и оти е дискутирано во дух на толеранција и разбирање.
Според Игор Александров, претседател на Здружението на Македонските православни општини во Австралија ставот на САС на МПЦ е многу поинаков од расположението кое го виделе на средбата со него на 5 и 6 декември.
„За жал, денес можеме да заклучиме дека нашите напори да се стави крај на опустошувањето на Македонската православна заедница во Австралија преку судски постапки е минирано бидејќи САС очигледно станал заробеник на насилничкото однесување на владиката Петар, на неговите уцени, и за жал, на некои негови партнери во власта“, рече Александров.
Тој истакна дека уште веднаш ќе пристапат кон назначување на архимандритот Никодим Царкњас на чело на МПЦ за Австралија како самоуправна организација на МПЦ на тој континент, по што ќе се пристапи кон негова хиротонија од страна на тројца владици.
„Тоа ќе биде нашата основа за да ја продолжиме борбата за одбрана на црковната општина Света Петка при наредното рочиште пред Апелацискиот суд. Токму заради тие судски процеси го правиме тоа што го правиме затоа што тоа ќе ја зајакне нашата позиција при судските процеси“, изјавил Александров.
Одбележување на големи празници – сплотени
Оваа вест е пример како Македонците во Австралија се сплотени за големи настани. Во Рокдејл – Сиднеј (Нов Јужен Велс) во присуство на голем број вернмици, гости и претставници од општествената јавност, викендов беше одржана долго најавуваната прославаза големите јубилеи „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква и „26 години од Денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија.
Прославата беше централна манифестација за македонската дијаспора и траеше три дена. Таа беше организирана од страна на Австралиско – сиднејската епархија со благослов на надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Прославата почна на ден 08 септември (петок) со свечена академија и банкет во Македонскиот културен центар „Илинден“, каде што многубројните гости беа почестени со многу богата научна, културно – уметничка и фолклорна програма. На свечената академија покрај огромниот број на македонскиот народ, кој се собра од сите краишта на Австралија, присуствуваа и: преставници и свештенство од Австралиско-сиднејската епархија, преставници од Помесните православни цркви, претставници на Македонската заедница, потоа Амбасадорот на Р. Македонија во Австралија г. Веле Трпевски, како и преставници од културниот и општествено-политичкиот врв на Австралија. Присуство на прославата зедоа и пратениците од Собранието на Австралија: г. Lou Amato (Либерална партија) и г. Stephen Jones (Социјалистичка партија).
-Она што е особено важно да се нагласи – е тоа што за оваа наша прослава слушнаа и останатите народи во Австралија, како и Помесните православни цркви, кои испратија свои преставници на свечената прослава да ја споделат нашата радост. Посебно, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Иларион, Првојерарх на Руската Задгранична Православна Црква” испрати своја телеграма, која беше прочитана на прославата од нивниот преставник. Ја користиме оваа прилика јавно да им се заблагодарам за тоа дело и за искрената подршка, велат организаторите на настаните
Македонците можеби ја смениле татковината но не и својата крв
Темпераментот на Македонците никогаш не стивнува, тие сеат проблеми каде и да се наоѓаат. Не ретко австралиските безбедносни сили имаат проблеми со македонците. Еве неколку примери кои се појавуваат низ историјата:
– ГОЛОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ПОСТИГНАТ ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА НА ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР СО ГРЧКИОТ РИВАЛ, СО КОГО СЕ СРЕТНАЛЕ ПРВПАТ ПО 12 ГОДИНИ ВО МЕЛБУРН, БИЛ ПРИЧИНА ЗА ТЕПАЧКАТА НА ОКОЛУ 400 НАВИВАЧИ
Тепачка во Мелбурн, откако грчките навивачи ги изнервира победата на македонскиот тим Престон Лајонс со шок-голот кој го дале во последната минута од фудбалскиот натпревар со грчкиот Саут Мелбурн. Двата етнички тима, по 12 години, првпат во неделата имале заеднички натпревар. Токму тоа било и причината на натпреварот да дојдат голем број македонски и грчки иселеници. На крајот на мечот, група на навивачи на Престон скокнале преку оградата за да може со фудбалерите да ја прослават победата. За разлика од нив, грчките навивачи налутени од неверојајтниот пресврт на играта решиле да ги одмерат силите со македонските навивачи. Тие ги турнале полициските огради и се стрчале на теренот. Од двете страни почнале да се фрлаат огнени факли, шишиња, метални пари. Оваа тепачка не можеле да ја спречат ниту металниот детектор што бил поставен на влезот на стадионот во Мелбурн, ниту 40 полицијаци и 45 луѓе кои се вработени во обезбедувањето на стадионот. Во тепачката се повредени четворица полицијаци. И за време на натпреварот имало тензии. Двете групи на натпреварувачи цело време скандирале едни против други, покажувале со средниот прст нагоре, а Македонците на оградата ставиле и знаме со порака до Грците- “Добродојдовте во пеколот”. Полицијата насетувајќи дека ќе се случи нешто лошо, ставила двојна барикада на стадионот. Но, ни таа не била доволна за да се заштитат од тепачката по постигнувањето на голот од Стив Манчески. Нервозата за Грците била поголема бидејќи Манчески пред да дојде во македонскиот тим играл за грчкиот Саут Мелбурн. По тепачката и смирувањето на тензијата од страна на полциијата, од стадионот прво заминале македонските, па по 15-тина минути и грчките навивачи. Двата клуба ќе треба да платат по 10 илјади австралиски долари за сторената штета, а австралиската полиција соопшти дека се приведени само две лица од страв новите апсења да не предизвикаат поголемо насилство.
-Австралија: Македонец починал откако во тепачка во Мелбурн бил избоден до смрт !
Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачката што се случила на караоке забава во македонскиот ресторан „Корзо грил хаус“ во Мелбурн.
Австралиските медиуми јавуваат дека по инцидентот неуспешни биле обидите за негова реанимација и Димовски починал веднаш откако бил пренесен во болница.
Убиството се случило кога група луѓе се обиделе да влезат во ресторанот околу 2 часот по полноќ и избегале од местото на настанот.Кога пристигнала полицијата Димовски лежел избоден со нож.
Сопствениците на ресторанот Џим и Јасмина Рибаровски, изјавиле дека Димовски бил редовен гостин во нивниот ресторан.
– Полицијата во Австаралија објави фотографии од тепачката која се случила на улиците меѓу Херб Греам и плоштадот Мирабука во центарот на Перт, Австралија каде група Македонци си ги одмерила силите со засега неидентификувана група насилници од Африка.
Според австралиската полиција, во тепачката учествувале триесетина австралиски државјани со потекло од Македонија, на различна возраст и десетина Африканци.
Полицијата морала да употреби и „бибер-спреј“ за да ги раздвои двете групи. Дел од насилниците биле „храбри“ па се истепале и пред полициска станица и пред седиштето на градскиот суд. Тепачката била закажана на социјалните мрежи.
– Полицијата едвај ги смирила гостите кои се степале на македонска свадба
-Масовната тепачка на македонска венчавка во Австралија сепак завршила со хепиенд.
Невестата и младоженецот по свадбата заминале на меден месец со силни емоции.
Венчавката меѓу Метју Карионе и Ребека Бечваровска морала да биде под контрола на полицијата откако се случила групна тепачка помеѓу гостите – пишуваат австралиските медиуми.
На свадбата во Сиднеј биле поканети 200 гости, а еден од нив започнал да ги фаќа дамите за задниците. Кога тоа го сторил на девојката на кумот, ситуацијата екслирала и започнала тепачката.
Мајката на невестата, Зорица, за весникот „Дејли Телеграф“ изјавила дека младите не дозволиле тепачката да ја уништи нивната свадба, а тие среќни заминале на меден месец“.
Македонците во Австралија редовно учествуваат и во протести за поддршка на својата татковина
Околу 4 000 Македонци од цела Австралија протестираа денеска пред Парламентот во Канбера, поради ставот на Владата да ја именува Република Македонија како ФИРОМ.
Семакедонскиот собир на кој својот револт го изразија Македонци кои патуваа и по стотици илјади километри до Канбера, го организираа здружението „Потомци на Александар“ и Здружението на македонски општини од Австралија.
„Поминаа скоро 14 години откако австралиската Влада одлучи да го оспорува демократски изразениот идентитет на Република Македонија, именувајќи ја како „Поранешна Југословенска Република“, изјави пред насобраниот народ Игор Александров, претставник на Македонците во Австралија.
Вистинска причина за „дискриминаторската политика на австралиските власти“, според Александров, е силното грчко лоби, чија што цел е „да го потисне македонскиот етнички идентитет“.
„Ќе ја добиеме оваа праведна борба преку демократскиот процес, со застапување на вистината. За разлика од оние кои ни го оспоруваат идентитетот, нам не ни се потребни лаги и фалсификување на историјата. Не ни е потребно да освојуваме туѓ идентитет и туѓа земја, или пак, да потиснуваме древни нации за да создадеме своја’’, изјави Ацо Шапкаровски, во име на здружението „Потомци на Александар“.
Македонците во Австралија исто така често се забавуваат со Македонски песни
Австралија секогаш е омилена помеѓу македонските народни пејаи. Македонците во Австралија си ги имаат задржано традициите и ја почитуваат македонската музика. Еве неколку видеа во прилог
Секако без многу додавки и придавки ФК ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА
НАПРЕТ ПРЕСТОН ЛАЈОНС МАКЕДОНИЈА И СРЕЌЕН 70-ТИ РОДЕНДЕН
Освен ФК Вардар оваа година е јубилејна и за уште еден македонски клуб каде исто така беше тренер Андон Дончевски. Се работи за Лавовите чиј тренер се вика Лупче, а претседателот им се презива Груевски. Имаат некои хард кор моменти, ама нека им е честито.
Престон Лајонс или Престон Македонија е клуб формиран во Австралија од македонски иселеници, а дека долго време има наши луѓе таму потврда плус е тоа што фудбалскиот клуб им опстојува 70 години.
Се натпреварува во регионална австралиска полупрофесионална во која титулата ја освоија во 2002-ра и 2007-ма. Престон е всушност предградие на Мелбурн, а клубот и по толку време натпреварување на странско тло и со други култури, не ја губи онаа македонштина всадена од порано.
Дел од играчите се Австралијци, а дел наши иселеници или нивни деца родени таму. Па така на пример најмногу настапи во историјата на клубот има Крис Емсовски (158), а најдобар стрелец е Џон Сапазовски (40).
По повод нивниот јубилеен роденден ќе се обидеме да ве доближиме поблизу до клубот оддалечен на 15.000 км од кај нас.
Во прилог галерија, во која ќе го видите Дончевски кој беше тренер во 1998, и многу историски моменти. Ќе ги видите транспарентите на навиваката група „БАГАБОНТИ“ како и дел од пријателскиот натпревар со Вардар:
Инаку не би бил Македонски тим ако не се соочувал со криза во минатото, која за среќа е успешно надмината
Клубот, кој е симбол на Македонија и Македонците на најмладиот континент, по 50 години постоење и успешни резултати во 80-те и 90-те, се наоѓа во најкритичниот момент од своето постоење, нешто слично како најголемиот македонски фудбалски клуб во земјава Вардар, кој летоска, ги преживуваше најкритичните моменти.
Престон Македонија за австрализките Македонци е исто што и Вардар за Македонија, па деновиве преку голем апел за донаци и формирање на кризен штаб за спас се прават последните обиди за да продолжи со работа најпознатиот македонски клуб, чуварот на македонскиот дух во Австралија.
„Повеќе од 50 години, фудбалскиот клуб Престон Македонија е национално лице на Македонската заедница во Австралија и најверојатно може да се заклучи дека е и најголем и најпознат македонски фудбалски клуб надвор од Република Македонија. На многу начини Престон Македонија е и одговорен за ставањето на Македонците како нација на мапата во оваа земја токму преку своите успешни резулатати и учество во Националната фудбалска лига во текот на 80-те и 90-те години. Не само што е фокусна точка за локалната Македонската заедница, но исто така и ги обезбедува најмладите членови на нашата заедница со можност да се запознаат со фубалот, а во исто време за прв пат да го осетат чувството да се биде горд на Македонската нација. Но, денес, сето она што е изградено во текот на изминатите 50 години е ставено во прашање, и 2011 година без сомнение беше и најкритичен момент во историјата на Престон Македонија. Постои секоја веројатност дека клубот ќе престане да постои после оваа година и ќе биде принуден да ги затвори своите врати засекогаш, ако не може да ги исплати своите големи даночни долгови од околу 150,000 австралиски долари колумнирани во изминатите 10 години“, пишува во апелот за спас на Престон Македонија.
Моментно за спас на клубот формиран е финансиски подкомитет, кој треба да ги расчисти долговите, а е предводен од првиот македонски селектор Андон Дончевски, легендата на Вардар, кој долги години живее во Австралија. Главна цел на комитетот е да ја врати довербата на Македонците во клубот, а и реномето на клубот во земјата. Најавени се состаноци со неколкумина видни личности, а подршка за спас клубот добил и од Саша Огненовски, најпознатиот фудбалер Македонец од Австралија, кој во минатото за малку ќе заиграше и за националниот тим на Македонија.
За спас на клубот формиран е донациски фонд за да се соберат пари за да се врати данокот, но и долгот кон доверителите, а како дел од таа програма за спас е и хуманитарниот меч на поранешните асови на клубот.
Тошо малерот и други интересни видеа од австралија