Пред две години се тепаа, сега ќе бидат вклучени во размена на играчи

838

Се посериозни се шпекулациите дека Нејмар ќе се врати во Барселона по две години поминати во тимот на ПСЖ.

Каталонскиот клуб бара начин да ги исполни финансиските барања на „светците“, па се најавуваат играчи кои би биле вклучени во зделката. Последниот во низата е португалскиот репрезентативец Нелсон Семедо за кого е заинтересиран ПСЖ кој остана без десен бек по заминувањето на Дани Алвес.

Интересно е тоа што пред две години, непосредно пред да се оствари трансферот на Нејмар во ПСЖ, Бразилецот имаше физичка пресметка со Семедо за време на подготовките во САД. Ако сега Португалецот си замине, Барса ќе остане практично без десен бек бидејќи Сержи Роберто не е класичен играч за оваа позиција.