Славниот пар не престанува да ја интригира јавноста поради разликата во годините.
Мик Џегер и натаму е на одмор во Мајами, а друштво му прават девојката Мелани Хамрик и нивниот син Девар.
Мик и Мелани ретко кога ѝ дозволуваат на јавноста да ги „улови“ заедно, па новите фотографии предизвикале возбуда на социјалните мрежи.

Нивната разлика во годините веќе долго време ја интригира јавноста. Мик, кој е и прадедо, има 78 години, додека пак Мелани има 34 години и значајно е помлада од поголемиот дел на децата на нејзиниот избраник.
Тие двајца се во врска од 2014 година, а условите на нивната врска ги изненадиле луѓето. Имено, пријател на Мик открил дека Мик и Мелани се во отворена врска, што им дава можност да се гледаат и со други луѓе.

Мик тоа свое право го користи наголемо, па така бил во врска со продуцентката Нур Алфала која отворено ја претставил во јавноста и која му била редовна придружба на концертите.

Медиумите пишуваат и дека Мик е обврзан да ѝ плаќа на Мелани по 15.000 долари месечно за да го чува нивниот син. Покрај тоа, тој се обврзал да ги сноси трошоците поврзани за нивниот син за школување до 18-годишна возраст.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











