Почетна Живот Маријана и Росана открија како ги поминуваат деновите во самоизолација за време...

Маријана и Росана открија како ги поминуваат деновите во самоизолација за време на коронавирусот

99

Сестрите Росана и Маријана физички не се заедно, но заедно се виртуелно и покрај дистанцата често се слушаат.

Имено, Росана живее во Македонија, а Маријана во Австралија, тие се соочуват со ист предизвик односно коронавирусот.

Во интервју за www.svet-australia.com тие открија како го поминуваат времето во карантин.

„Овој период е еден од потешките за сите нас, па  и за мене. Веќе шести ден сум во принудена изолација по наредба од мојот докторски тим поради мојата здравствена состојба. Можеби ќе звучи чудно, но јас не се плашам за мене туку за моите најблиски, за веќе болните, за дечињата. Ние самите луѓе некако сме навиканти на ментално расположение на постојан страв од нешто и заради нешто. Корона вирусот и сите теории околку него тешко не погодуваат сите нас, вас, кај и да сме, кои и да сме, во што веруваме, богати ли сме“ вели Маријана и откри кој најмногу и недостига.

ФОТО: ФЕЈСБУК

„Инаку најмногу ми недостастува гушкањето и моите, бакнежи во чело на мојата снаа Анастасија која е бремена, ќерката Меги, синот Филип. А ми фалат и прегратките кои поодамна ги немам од мојата мајка, татко, Росана, срцето Ноа, зетот Ѓорѓи, внуците. Ми фалат гушките на моите колешки и пријателки…Ми фалат насмевките на луѓето кои се претопени во страв…“ завршува Маријана.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Росана која е во Македонија и недостастуваат пријателите, посетата на родителите во Куманово, сестрата…

„Во деновите кога сме дома, секој си наоѓа по некоја занимација. Јас многу читам, па можам да препорачам и некоја книга. На пример. „Неопходни лаги“, „Украдениот брак“, „Ќерката од соништата“, „Ватиканската принцеза“, се тоа се прекрасни приказни со историски вистини. А во ова време – невреме добро е што читателите имаат можност преку интернет да набават книги“ вели Росана.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Маријана и Росана апелираа до сите да седат дома и да ги почитуваат мерките за заштита бидејќи на тој начин ќе спречиме да се шири вирусот и оваа пандемија ќе заврши побрзо.