Во ова овошје се наоѓа неверојатна количина на витамини и на минерали, а бројни истражувања докажуваат дека лекува многу здравствени тегоби.
Сите уживаме во вкусот и мирисот на дињата, а не сме ни свесни колку е таа лековита. Дињата содржи малку калории, па се препорачува на сите оние кои се обидуваат да ги намалат килограмите. Освен тоа, таа освежува и е преполна со витамини и други важни состојки кои му се неопходни на организмот, го спречува растот на клетките на рак и лекува дијабетес.
Содржи околу 88% вода и само 11% шеќер, па се препорачува нејзина примена неколку пати во текот на денот. Витаминот А од дињата е неопходен за добар вид и тен, а покрај тоа содржи и витамин Ц. Овие два антиоксиданси го штитат организмот од кардиоваскуларни заболувања и стареење.

Некои нови истражувања тврдат дека бета каротенот од дињата помага во борбата против карцином на белите дробови, но и против рак на грлото на матката, желудникот, како и орални болести. Растителните влакна поволно делуваат на чистењето на организмот од штетните радикали и претставуваат одлична помош за надуеност.
Го штити здравјето на очите
Дињата содржи нутриенти важни за здравјето на очите, бета каротен (од кој се ослободува витамин А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Со оглед на тоа што бројни истражувања докажале дека недостигот на витамините А и Ц може да доведе до глаукома и макуларна дегенерација, па дури и до слепило, дињата е одличен избор за спречување или забавување на развојот на овие нарушувања.
Го регулира крвниот притисок
Дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и колин кои го подобруваат здравјето на срцето и го регулираат холестеролот и крвниот притисок.

Ја спречува појавата на камен во бубрезите
Внесувањето калиум е поврзано со намалувањето на ризикот од губење на мускулната маса. Овој минерал, исто така, ја спречува појавата на камен во бубрезите.
Ја регулира дигестијата
Дињата е добар избор за оние со чувствителен желудник бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на организмот за варење на храна. Поради изобилството на влакна и вода спречува констипација и помага во регулација на дигестијата, го подобрува здравјето на дигестивниот тракт и го поттикнува исфрлањето на токсините од цревата.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

