Како да го препознаете расипаното месо при купување?

152

Без разлика за какво месо се работи, посебно во летните месеци, не смее да ризикувате.

Како на време да го препознаете расипаното месо и да се спасите од непотребни трошоци и несакани последици?

Првата работа која не смеете да ја заборавите е рокот на траење.

Бојата на месото е втората работа. Светло црвената боја не значи дека месото е свежо, ниту потемната боја не значи дека месото е расипано. Бојата зависи од изложеноста на кислород, топлината и светлината во продавницата.

Во овој случај, преминувате на третиот знак – мирис.

Мирисот е најсигурниот показател за состојбата на месото. Дури и да почувствувате блага непријатност во мирисот, не го купувајте.

Исто така обрнете внимание и на површината на месото. Ако месото е слузаво, значи дека бактериите се веќе активни.

Ако пак купувате спакувано месо, не купувајте пакетчиња чиј рок е при крај.

Исто така погледнете дали има течност под месото. Ако месото долго стоело спакувано, големи се шансите да се собере течност под него.

Промрдајте го пакувањето, стиснете го месото со прст и гледајте дали од страните истекува течност, така најлесно ќе утврдите.