Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

471

Поради невремето кое што вчера го зафати Белград на некои од улиците се формираа гејзери повисоки од пет метри. Тоа предизвика застој и хаос на улиците.

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа за слични ,,фонтани” кои што се појавиле на повеќе улици во градот.

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ изјави дека по обилните дождови што го погодија главниот град, биле преплавени 20 детски градинки и дека 6.000 домаќинства немаат електрична енергија.

По состанокот на претставниците на градските служби и на Градското собрание, Весиќ рече дека Секретаријатот за заштита ќе ги распредели децата во други градинки сè додека објектите не се санираат.

Според него, повеќе од 6.000 домаќинства, главно во Земун и во Нови Београд немаат електрична енергија и работат на поправка на трафостаниците.