Додадете го овој моќен зачин во секое јадење: Природен лек за луѓето со висок притисок

1818

Лицата кои патат од хипертензија секако треба да водат сметка за исхраната, но овој мал додаток може да биде од голема корист.

Симптомите кои укажуваат на висок крвен притисок се болки во градите, главоболка и отежнато дишење, а еве како можете да ја регулирате хипертензијата со лек од природата.

Високиот крвен притисок може да ги оштети крвните садови и органите и да предизвика срцев удар. За хипертензијата е неопходно да ја примате терапијата која вашиот лекар ви ја препишал, но можете да внесете и една здрава промена во исхраната.

Истражувањата покажуваат дека коријандерот го намалува крвниот притисок, а доволно е истиот да го користите како зачин во секој оброк.

Коријандерот е сличен на магдоносот, со тоа што тој има поголеми листови, понежно стебло и поблага арома. Оваа билка, освен за намалување на крвниот притисок и здравјето на срцето, се користи и за исфрлање на вишокот течности од телото и го намалува шеќерот во крвта.

Коријандерот можете да го користите во секое јадење, да го консумирате свеж или да го користите неговото етерично масло.