Дали сте слушнале за Паретов закон? Всушност, ова е токму она што може да ви помогне за да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Како што пишува Your Tango, овој закон се заснова на принципот 80/20, а се објаснува така што 80% од посакуваниот резултат се постигнува со 20% од потрошеното време.
На пример, ако 20% од вкупното време секој ден, го правите она што го сакате, тоа ќе ви донесе 80% од вкупната среќа. Токму со користење на овој принцип можете да подобрите некои аспекти од животот на кои сакате да поработите.
Ако сакате да изгубите неколку килограми, 20% од вкупното време во денот, потрошете го на вежбање и подготвка на здрави оброци. Правејќи го тоа секојдневно, ќе постигнете 80% од посакуваниот резултат многу побрзо отколку што очекувате. Исто е и со вашиот љубовен живот. Ако сметате дека вие и вашиот партнер не поминувате доволно време заедно, обидете се 20% од денот да гo искористите за осмислување на следните патувања, разговарајќи со него и планирајќи ги идните заеднички авантури. Ќе бидете 80% позадоволни од вашата врска и посреќни отколку што некогаш сте замислувале. Пробајте, немате што да изгубите!















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)



















