Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но дека може да се стави под контрола за неколку месеци, преку докажаните мерки во заштитата на јавното здравство.
„Ројтерс“ пренесува дека Тедрос на денешната прес-конференција изјавил оти СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата да продолжат непречено, но дека во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се пренатрупани и луѓето умираат, но и дека е апсолутно можно да се избегне тоа.
„Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на нови инфекции и смртни случаи во текот на првите два месецa од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени“, нагласил директорот на СЗО.
Тедрос исто така рекол дека зголемениот пренос на инфекцијата најмногу се должи на конфузија и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



