Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија е откриен во дури 44 земји во светот.
Вирусот Б.1.617, кој првпат се појави во Индија во октомври, е откриен во 44 земји во сите шест региони на СЗО, соопшти организацијата, додавајќи дека мутациите што ги предизвикува се загрижувачки.
По Индија, најголем интензитет од овој вид на коронавирус е забележан во Велика Британија.
Во Индија, околу 4.000 луѓе починале на дневна основа од Ковид-19 а вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот е скоро 250.000 лица.
Според светските агенции, ваквите видови на коронавирус треба внимателно да се следат за да се утврди дали мутациите водат до повторна инфекција или намалена ефикасност на вакцините.
СЗО соопшти дека вакцините против Ковид-19 се ефикасни во спречување на болеста.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











