„Болката која што ја чувствувам не може да ја замислите, ќе ги исплачам сите солзи“

545

Криси Тајген и Џон Леџенд го изгубија своето трето дете, а своите чувства и тажни вести ги споделија на социјалните мрежи.

Само еден месец по објавувањето на нивната среќна вест, дека го чекаат третото дете, манекенката Криси и пејачот Џон ги поминуваат едни од најтешките денови од нивните животи, откако 34-годишната Криси доживеала спонтан абортус.

Парот кој што има 4-годишна ќерка Луна и 2-годишен син Милес, на социјалните мрежи ги објави своите тажни вести.

„Во шок сме и длабока болка која што не можете ниту да ја замислите или пак досега не сте ја почувствувале. Не успеаа да го запрат крварењето и да му го дадат тоа што му е потребно на нашето бебе.

View this post on Instagram

We are shocked and in the kind of deep pain you only hear about, the kind of pain we’ve never felt before. We were never able to stop the bleeding and give our baby the fluids he needed, despite bags and bags of blood transfusions. It just wasn’t enough. . . We never decide on our babies’ names until the last possible moment after they’re born, just before we leave the hospital.  But we, for some reason, had started to call this little guy in my belly Jack.  So he will always be Jack to us.  Jack worked so hard to be a part of our little family, and he will be, forever. . . To our Jack – I’m so sorry that the first few moments of your life were met with so many complications, that we couldn’t give you the home you needed to survive.  We will always love you. . . Thank you to everyone who has been sending us positive energy, thoughts and prayers.  We feel all of your love and truly appreciate you. . . We are so grateful for the life we have, for our wonderful babies Luna and Miles, for all the amazing things we’ve been able to experience.  But everyday can’t be full of sunshine.  On this darkest of days, we will grieve, we will cry our eyes out. But we will hug and love each other harder and get through it.

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Никогаш не биравме имиња за девојче се до моментот кога ќе се породев или пак кога ќе ја напуштев болницата. Но, ова бебе кое што беше во мојот стомак почнавме да го викаме Џек. Така што тој засекогаш ќе остане Џек.

Џек многу се трудеше да биде дел од нашето мало семејство и тоа така ќе биде засекогаш. На нашиот Џек – жал ми е што првите неколку моменти од твојот живот беа многу комплицирани, што не успеавме да ти дадеме дом во кој што би преживеал. Засекогаш ќе те сакаме“ – напишала Криси на Инстаграм покрај интимните фотографии од болницата.

Инаку, Криси во болница завршила во петтиот месец од бременоста поради обилно крварење и компликации и за жал го изгуби детето.