Девојка (14) од Ваљево пронајдена во бесознание. Испила 70 таблети бидејќи родителите не ја пуштиле на забава

609

Девојче (14) од Ваљево била пронајдена во бесознание во нејзината соба, а според првите информации таа била отруена откако испила повеќе од 70 таблети антидепресив „амизол“.

Нејзините родители ја пронашле во бесознание во нивната соба во семејната куќа во Ваљево, пренесува Пинк.

Веднаш била пренесена на УЦ во Ваљево, каде и била укажана прва помош, а потоа, поради сериозноста на ситуацијата, била пренесена во Белград.

Една од претпоставките за можниот мотив на труењето е дека „родителите на девојчето не ја пуштиле да оди на забава“.