Денес облачно со услови за дожд, температурите до 25 степени

534

Променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени.